Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие

На 25.03.2026 во 08:40 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г.(42) од Скопје по претходна пријава дека на 24.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг.
На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Ц.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19.06 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка.
На 24.03.2026 во 16:30 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со М.М.(37) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.
На 24.03.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со И.И.(60) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.
На 24.03.2026 во 17:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, го привеле лицето Џ.Ш.(39) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга од Тетово дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и претходно ја вознемирувал во станот. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
На 24.03.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 29-годишен жител на Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
На 23.03.2026 во 00:00 часот во Полициското одделение Ропотово, жителка на прилепско село пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг М.М., кој употребил тврд предмет.
На 24.03.2026 во 13:55 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 19-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати се заканувал на неговата поранешна малолетна девојка. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 24.03.2026 во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 57-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 54-годишна сопруга дека на 15.03.2026 физички ја нападнал во семејниот дом. Според пријавеното, тој подолг временски период психички и физички ја малтретирал нејзе, а агресивно се однесувал и кон нивните деца. Тој бил задржан во полициска станица, и известен бил јавен обвинител.
На 24.03.2026 во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиja од слобода А.Ј.(50) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 58- годишен сопруг дека физички го нападнала во семејниот дом во кумановско.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
