-->
-->
Уапсени велешани кои од возило фрлиле три пакување со бела прашкаста материја
-->

На 16.12.2022 во 17.50 часот на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Д.(25), Р.У.(24) и Џ.А.(24), сите од Велес.
Тие, додека се приближувале кон наплатната станица, од возилото „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрлиле три пакувања со бела прашкаста материја, која подоцна била пронајдена и одземена.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
