-->
-->
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-->
Полициските службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.
По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да го запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници