„Убер“ се стреми кон 100.000 роботаксија во партнерство со „Н-видија“

„Убер“ вчера сооопшти дека има за цел да распореди 100.000 самоуправувачки возила на својата платформа за возење и услуги, во соработка со производителoт на чипови „Н-видија“ за снабдување компјутерските системи што ќе ги опремат возилата.
Новата платформа за услуги со самоуправувачко такси-возење на „Н-видија“ – „Драјв А-ге-икс хиперион 10“ (Drive AGX Hyperion 10), ќе биде инсталирана во возила од повеќе производители. Американските компании не соопштија кога очекуваат да ја достигнат целта од 100.000 возила, но се очекува првите возила со новиот хардвер да бидат достапни во 2027 година. Најмалку 5.000 од првичните роботаксија, според „Убер“, ќе бидат од „Стелантис“ – матичната компанија на „Опел“. Исто така, германскиот автопроизводител „Мерцедес-Бенц“ и американскиот „Лусид“ развиваат автомобили компатибилни со новиот систем на „Н-видија“.
За потсетување, пред неколку години „Убер“ привремено го запре својот развој на самоуправувачки возила, по фатална несреќа за време на тестирањето.
„Убер“ извести претходно оваа година дека планира да стане оператор на роботакси-услуга. Во таа смисла, отпрво намерата беше да имаат најмалку 20.000 самоуправувачки теренски возила од „Лусид“ во неколку земји во рок од шест години. „Алфабет“ веќе нуди патувања преку платформата „Убер“ во неколку градови во САД, а „Убер“ планира да додаде и возила од „Фолксваген“, а и за странство – од кинескиот технолошки гигант „Бајду“.
МИА
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
