-->
-->
Убиство во Бардовци
-->
Осуденик за убиство кој бил сместен во психијатриската болница Бардовци, вчера вечерта со стаклено шише убил осуденик за семејно насилство кој бил сместен во истата психијатриска болница.
Според извештајот на СВЕ Скопје, во собра на судскиот оддел се случила физичка пресметка помеѓу 35 годишниот Д.С од Неготино кој му нанел удари со стаклено шише на 62 годишниот И.Т од Љубанци.
Тој паднал во бесознание и бил пренесен во Ургентниот центар, каде што лекарите околу 2 часот констатирале смрт. Д.С кој е осуден за убиство е задржан во собрата каде што се случил настанот.
Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, МВР го расчистува случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее