Преглед на вестите од светот
Трамп нареди распоредување на две нуклеарни подморници во региони блиски до Русија. На ваков начин порача дека одговара на провокативните изјави на поранешниот руски претседател Медведев.
„Нуклеарни подморници.“? „О, да. Па, мораше да го направиме тоа. Само треба да бидеме внимателни. Беше упатена закана, а ние не сметавме дека е соодветна. Затоа морам да бидам многу внимателен. Затоа го правам тоа врз основа на безбедноста на нашиот народ. Заканата беше упатена од поранешен претседател на Русија. И ние ќе го заштитиме нашиот народ, изјави Трамп.
Односите САД-Русија значително се заострија последните недели. Трамп и даде на Русија рок од 10 дена да се согласи на прекин на огнот во Украина или ќе биде погодена со царини.
Медведев пак му порача да не заборава дека Москва поседува капацитети за нуклеарен удар од советската ера како последно средство.
И Путин вчера изјави дека се надева на повеќе мировни разговори со Украина, но воопшто не се осврна на рокот на Трамп кој завршува на 8 август.
На терен пак и Русија и Украина ги засилија нападите. Во масовен напад во текот на ноќта руските воздушни одбранбени сили соборија 112 украински дронови во повеќе региони. Руските власти информираа дека најмалку три лица загинале во серијата украински напади.
Во Украина пак во текот на ноќта се повредени повеќе од 11 лица во напад со руски дрон во Харков, во кој меѓу другото била погодена и станбена зграда. Меѓу повредените има бебе и повеќе деца
11 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ, се приведени во врска со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Српското обвинителство за организиран криминал ги сомничи за коруптивни зделки при модернизација на железничката и штети врз буџетот од над 100 милиони евра.
По апсењата кои во јавноста беа протолкувани како обид за обвинителски државен удар, Вучиќ утрово го свика и Советот за безбедност
Вучиќ остро ја осуди и пресудата за Милорад Додиќ и порача дека тој во Србија е секогаш добредојден и нема да биде уапсен.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар