-->
-->
Убиство во Скопје: 33 годишник пукал во сопствениот татко со огнено оружје
-->
На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(33) од Скопје, постапувајќи по пријава околу 12.50 часот според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И.(62).
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и повреди од огнено оружје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а покрај починатиот биле пронајдени неколку чаури. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
