Македонија
7. November 2026 - 14:45

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром

42-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученик во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром.

Според пријавата, инцидентот се случил на 5 ноември 2026 година, во ходникот на училиштето, кога ученикот со тврд предмет го нападнал својот соученик.

Случајот бил пријавен во полицијата следниот ден, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.