Македонија
6. јуни 2026 - 16:31
Угостителите на удар од инспекторите
На самиот почеток на туристичката сезона угостителите на удар од инспекциските контроли. Покрај паричните казни објектите времено се затвараат што според ХОТАМ преставува лоша слика за градот и туристите кои одмараат на брегот на Охридското езеро.
Од хотелско угостителскиот сектор сметаа дека во летниот период кога едвај го надополнуваат кадарот, мерките треба да бидат поблаги и бараат субвенциии како туристичка дејност барем за вработените кои се плаќаат во текот на целата година.
Туристичките работници и покрај сите предизвици, растот на цените до недостигот на персонал се надеваат на успешна сезона резервациите со гости од сите краеви ширум светот покажуваат добар интерес.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
