УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР).
Во Скопје, како што велат, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
