УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Стартува третата фаза од проектот е-фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот е-фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури, информира денеска УЈП.
Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.
Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со тие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk
- Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура, соопшти УЈП.
Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи информира дека континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои се презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура.
Во соработка со стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-фактура.
- Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-фактури, најавува УЈП и ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.
И оние компании кои немаат назначено даночен агент, УЈП, ги охрабрува да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.
Корисни информации за тестирањето: Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg, Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk, Контакт за поддршка: Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
