УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2025 година, која ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија.
Универзитетот во Белград пак, е позициониран на 387. место на табелата. На веб-страницата на CWUR е наведено дека Универзитетот во Белград е меѓу 1,9 проценти од најдобро рангираните високообразовни институции во светот.
Клучните елементи за рангирање на универзитетите според листата на CWUR се квалитетот на образованието (25 проценти), вработувањето на поранешните студенти, квалитетот на наставниот кадар, истражувачките перформанси, научните трудови, висококвалитетните публикации, влијанието и цитатите.
CWUR е консултантска организација и ја објавува ранг-листата на глобални универзитети од 2012 година.
Минатата година, УКИМ беше рангиран на на 1.990 место.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
