-->
-->
Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-->

Украина и Русија денеска, со посредство на Обединети Арапски Емирати и САД, разменија воени заробеници. Украина и Русија ослободија ист број воени заробеници – 193.
Украина и Русија на 11 април разменија 175 воени заробеници, а во март вкупно 500.
Украинските власти во февруари објавија дека Русија во заробеништво држи околу 7.000 Украинци, а во украинско заробеништво се речиси 4.000 Руси.
Киев и Москва повремено разменуваат и тела на загинатите војници. Во април Русија врати тела на илјада војници, додека Украина врати 41 тело во Русија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
