Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина, заедно со САД, започнаа со производство на дронови-пресретнувачи.
Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг изјави дека во иднина ќе има поголема соработка меѓу Украина и САД во воената индустрија.
Украинскиот претседател тврди дека рускиот претседател Владимир Путин започнал целна кампања на заплашување во Европа со неодамнешните упади на дронови и борбени авиони во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО, што довело до тоа лидерите на тие земји да станат сè понеподготвени да испратат системи за воздушна одбрана во Украина, објави Укринформ.
„Мислам дека ги исплаши, тоа му беше целта, и ја постигна. Тоа беше психолошко заплашување, нема сомнение за тоа“, изјави Зеленски во интервјуто за Блумберг.
Според него, руските сили го гаѓаат енергетскиот систем во нивните ракетни и напади со беспилотни летала врз Украина за да го принудат Киев да потклекне до пролет.
Зеленски претходно изјави дека ефикасноста на уништувањето на руските беспилотни летала со пресретнувачи моментално достигнува 68 проценти и дека оваа бројка ќе се зголемува во иднина.
Ново на Сител
-

Променливо облачно, наутро студено, преку ден до 15 степени
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
