Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут
Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата.
Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 отсто од градот.
Русија смета дека заземањето на Бахмут ќе ја отвори можноста за идни офанзиви низ Украина, додека Киев и Западот велат дека уништениот град има само симболично значење.
Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, претходно изјави дека Русите во Бахмут почнале да ја користат тактиката на „изгорена земја“, што ја користеле во Сирија, и додаде дека ситуацијата во градот е тешка, но под контрола.
– Непријателот се префрли на таканаречената тактика на „сириската изгорена земја“. Тие уништуваат згради и позиции со воздушни напади и артилериски оган. Одбраната на Бахмут продолжува. Ситуацијата е тешка, но под контрола, рече Сирски.
Ново на Сител
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
-
Собранието ќе одржи продолженија на три седници
-
Сончево и многу топло, до 42 степена
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина