Украина ослободува нови области, сепаратистите бараат итен референдум
Украина соопшти дека нејзините сили навлегле подлабоко на исток во територијата што неодамна ја напуштиле Русите, отворајќи го патот за потенцијален напад врз окупациските сили на Москва во регионот на Донбас.
– Окупаторите очигледно се во паника, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното телевизиско обраќање, додавајќи дека сега е фокусиран на „брзината“ во ослободените области, „брзината со која се движат војниците, брзината со која се обновува нормалниот живот“.
Украинскиот лидер, исто така, посочи дека ќе го искористи утрешното видео обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации за да ги повика земјите-членки да ја забрзаат испораката на оружје и помош.
– Правиме се за да обезбедиме задоволување на потребите на Украина на сите нивоа – одбранбено, финансиско, економско, дипломатско, рече Зеленски.
Украинските вооружени сили воспоставија целосна контрола над селото Билохоривка и се подготвуваат да ја преземат целата провинција Луганск од руските окупатори, изјави гувернерот на провинцијата Сергеј Хајдај. Тоа село е на само 10 километри западно од градот Лисичанск, кој во јули падна во рацете на Русите по неколкунеделни секојдневни борби.
– Ќе има борба за секој сантиметар. Непријателот подготвува одбрана. Затоа ние нема едноставно да навлеземе, напиша Хајдај на Телеграм.
Луганск и соседната провинција Доњецк го сочинуваат индустријализираниот источен регион Донбас, кој Москва има намера да го заземе како примарна цел на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина. Украинските трупи почнаа да се пробиваат во Луганск откако ги потиснаа руските сили од североисточната провинција Харков во контраофанзива овој месец.
Како знак на нервозата на московската администрација во Донбас поради успехот на неодамнешната украинска офанзива, нејзиниот лидер повика на итен референдум со цел регионот да стане дел од Русија. Шефот на руската сепаратистичка администрација во провинцијата Доњецк, Денис Пушилин, го повика својот колега, лидерот на сепаратистите во Луганск, да ги здружат напорите за подготовка на референдум за приклучување кон Русија.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот