Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.
.„Разговаравме за можностите за воздушна одбрана и се договоривме да работиме заедно за да ја зајакнеме заштитата на нашето небо”, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп.
Тој додаде дека имале детална дискусија за капацитетите на одбранбената индустрија и заедничкото производство. „Ние сме подготвени за директни проекти со Соединетите Држави и веруваме дека тоа е од клучна важност за безбедноста, особено кога станува збор за беспилотни летала и сродни технологии”, истакна Зеленски.
Претседателот на Украина, исто така, го честиташе Денот на независноста на САД на Трамп и целиот американски народ, изразувајќи благодарност за поддршката што ја добиваат.
„Ова ни помага да ги заштитиме животите, слободата и независноста. Заедно со Америка постигнавме многу и ги поддржуваме сите напори да се запрат убиствата и да се воспостави праведен, траен и достоинствен мир”, напиша тој.
Зеленски истакна дека денеска разговарале за тековната ситуација, вклучувајќи ги руските воздушни напади и развојот на фронтовите. ”
„Претседателот Трамп е многу добро информиран и му благодарам за вниманието кон Украина. Се договоривме за средба меѓу нашите тимови”, додаде тој.
Двајцата лидери, исто така, разговарале за меѓусебни набавки и инвестиции, како и за дипломатската ситуација и заедничката работа со САД и други партнери.
Оваа најава доаѓа откако Киев изрази загриженост поради одлуката на САД да запре со испораките на дел од клучните оружја за Украина.
Претходно, разговорот го потврди Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, оценувајќи го како „многу важен и суштински“.
Според „Аксиос“, телефонскиот разговор траел околу 40 минути и бил фокусиран на ескалацијата на руските напади и американската поддршка за украинската противвоздушна одбрана.
Овој повик уследи по претходниот разговор меѓу Трамп и Путин, за кој американскиот претседател изјави дека бил „многу разочарувачки“. – Не мислам дека е подготвен да го запре ова насилство. Не видов никаков напредок, изјави синоќа Трамп пред новинарите.
Неколку часа по тој разговор, Русија ја изведе најголемата офанзива со дронови врз Киев од почетокот на војната, при што загина едно лице, а 23 беа повредени. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, ја опиша ноќта како „една од најстрашните досега“. – Десетици балистички ракети и дронови паѓаа врз главниот град. Веднаш по разговорот на Путин со Трамп, соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига.
Зеленски ја осуди офанзивата како „намерно масивна и цинична“, а повтори и дека Русија нема да го промени „своето глупаво и деструктивно однесување“ без засилен притисок од САД и сојузниците.
Разговорот меѓу Трамп и Зеленски се случи и во време кога Пентагон привремено ја запре испораката на клучни оружја за Украина, вклучително и „Патриот“ ракети и прецизно насочувани артилериски гранати. Киев предупреди дека оваа одлука сериозно ја поткопува неговата способност за одбрана.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки