Македонија
4. July 2025 - 18:39

На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути

На граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“ од македонска страна се чека од 20 до 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.