Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област
Украина изврши напад врз нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област и предизвика „големи оштетувања поради избувнатиот пожар“, соопшти на „Телеграм“ командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди.
Нафтоводот „Дружба“ се користи за транспорт на руска сурова нафта кон Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја купуваат од Москва и покрај тоа што поголемиот дел од земјите на Европската Унија ги стопираа набавките поради војната во Украина.
Киев објасни дека нападите врз руските енергетски инфраструктурни објекти се одговор на континуираните руски напади и имаат цел да ги ослабат воените напори на Москва.
Испораките на нафта кон Унгарија и Словачка во изминатите недели неколкупати беа прекинати поради украински удари, по што, особено остро, реагираа унгарските власти.
МИА
Ново на Сител
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар