Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад врз Украина во текот на ноќта, објави украинската новинска агенција Укринформ.
Се наведува дека нападите со дронови започнале вчера попладне по локално време и дека до 8 часот наутро денеска, 203 дронови биле соборени или блокирани во северна, јужна и источна Украина. Користени се околу 150 дронови „Шахед“.
Украинската авијација, противвоздушните ракетни сили, силите за електронско војување, беспилотните системи и мобилните противпожарни групи на вооружените сили на Украина учествувале во одговорот на нападот. Се соопштува за 32 напади со дронови на 18 локации, како и за паѓање остатоци од дронови на осум локации.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
