Украинците пружат отпор на исток, се подготвува битка за Херсон
Украинските војници пружат отпор на новите напади од руските сили во два источни градови, а силите на јужните боишта се подготвуваат за битка за стратешкиот регион Херсон.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање истакна дека ќе има добри вести од бојното поле, но, не даде детали.
Тој не објави што се случува во јужниот дел на Херсон. Официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека таму ќе се води една од борбите со најголеми последици во војната од почетокот на рускиот напад врз Украина пред осум месеци.
Зеленски информираше дека најжестоките борби во источна Украина се воделе близу Авдиивка, Бахмут и надвор од Доњецк.
– Тоа е подрачјето каде најочигледно е лудилото на руската команда. Ден за ден, со месеци, таму се носат луѓе во смрт, концентрирајќи артилериски напади од највисоко ниво, подвлече претседателот на Украина.
Битката што следува за градот Херсон на устието на реката Дњепар ќе одреди дали Украина ќе успее да ја ослаби руската контрола на југот, пишуваат дел од светските медиуми.
Според украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, влажното време и нерамниот терен ја отежнуваат контраофанзивата на Киев во Херсон.
Ново на Сител
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
