Македонија
14. May 2026 - 16:32

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“

Две барања за оставки по одлуката на Обвинителството да се откаже од кривично гонење во случајот Мазут. 

Владејачката партија бара шефот на организиран криминал да си замине и да го ослободи обвинителството од како што велат притисоците на СДСМ и ДУИ.

Овој став е продолжение на последната изјава на премиерот Мицкоски кој рече дека е шокиран од одлуката на обвинителството да не ги гони Капушевски, Јахоски и Ковачевски. Мицкоски рече дека за тоа разговарал и со Државниот јавен обвинтиел Савевски, што за СДСМ беше причина да побара оставка од него, поради како што тие велат, телефонски нарачки од премиерот Мицкоски. 

Предметот со набавката на мазут за државната ЕСМ дојде по кривична пријава на МВР на иницијатива на Антикорупциска, од каде денеска не сакаа да ги коментираат постапките на претходните состави. Без коментар остана и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.