-->
-->
Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела
-->
Украинскиот парламент денеска усвои закон, поднесен од претседателот Володимир Зеленски, со кој се враќа независноста на антикорупциските тела во земјата.
Со ова е поништен неговиот контроверзен потег од минатата недела, кога потпиша закон за кој критичарите рекоа дека ја слабее независноста на антикорупциските тела во земјата, што предизвика протести и критики од Европската Унија. Критичарите тврдеа дека новиот закон го поткопува авторитетот на Националното антикорупциско биро (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО), ставајќи ги под контрола на државниот обвинител.
Пратениците во Врховната Рада, украинскиот парламент во Киев, го одобрија новиот предлог на Зеленски со 331 глас „за“ и девет „воздржани“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона
-
Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
-
ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26
-
Трамп и воведе царина од 15 отсто на Македонија
-
Без вода дел од Општина Карпош
-
За влез и излез од државава се чека околу 45 минути