-->
-->
Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-->

Украинските сили синоќа извршија напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот Александар Дрозденко и потврди дека 126 беспилотни летала биле соборени над тој регион.
Аеродромот Пулково воведе привремени ограничувања за работа, а патниците и вработените се преместени на безбедни локации, објави Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација).
Украинските сили нападнаа нафтен терминал во Санкт Петербург и цивилна инфраструктура во четири градски области, а според гувернерот, немало жртви, но нафтениот терминал се запалил и пожарот се гаси.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
