-->
-->
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-->

Хуго Умбер ја одбрани титулата на АТП-250 турнирот на тврда подлога во сала во францускиот град Марсеј со награден фонд од 767.545 евра.
Французинот во финалето го совлада Србинот Хамад Меџедовиќ со 7:6(4), 6:4 за 1:42 часа игра.
Двајцата си разменија по еден брејк во првиот сет и дојде до тајбрејк, а Умбер победи со 7:4.
Имбер и Меџедовиќ ги добиваа своите сервиси, а вториот сет повторно се движеше кон тај-брејк, но во десеттиот гем Французинот направи клучен брејк што му ја донесе победата.
Така, Хуго Умбер уште еднаш ја воодушеви публиката во Марсеј, освојувајќи го трофејот втора година по ред, откако минатата сезона во финалето го победи Григор Димитров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
