Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати

Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.
Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот.
Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на Парламентот.
Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал.
Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.
Според Ференц Биро, раководител на независен антикорупциски орган, за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, корупцијата ја чинела Унгарија најмалку 186 милијарди евра.
MИА
Ново на Сител
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
