УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици

Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.
Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од климатските опасности.
УНИЦЕФ нагласува дека децата се поранливи на последиците од климатските промени затоа што нивните тела побрзо се загреваат, помалку ефикасно се потат, побрзо дишат и имаат поголема потреба од вода и храна по килограм телесна тежина. Тие исто така имаат помали шанси за преживување при екстремни временски појави.
Извештајот анализира осум климатски опасности, меѓу кои суша, екстремни горештини, шумски пожари, топлотни бранови, поплави, песочни и бури од прашина, како и тропски циклони.
„Климатскиот ризик-атлас во Извештајот покажува каде тие опасности се најизразени и треба да им помогне на владите подобро да планираат и да инвестираат во основни системи“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.
Според податоците, околу 300 милиони деца живеат во области истовремено изложени на суша, екстремни горештини и топлотни бранови, додека над 115 милиони се соочуваат и со тропски бури.
Особено погоден е регионот Сахел во Африка, каде над четири милиони деца се изложени на истовремени топлотни бранови, екстремни горештини и песочни бури. Во Азија, силно погодени се Бангладеш, Мјанмар и Пакистан.
„Децата и младите се најмалку одговорни за климатските промени, но најмногу ги чувствуваат последиците“, изјави германслкиот претставник на УНИЦЕФ, Кристијан Шнајдер, повикувајќи на посилна климатска акција.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
-

Македонија во екстремен ризик од пожари – Надлежните предупредуваат на внимателност
-

Преглед на вестите од светот
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
