Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка

Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата утре, среда, 10 ноември, и да ѝ дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и барањето за распишување избори што таа го направи со штрајкот со глад.
Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за да ја поддржат и во 11:52 часот да му оддадат почит на нејзиниот син Стефан Хрка и на сите оние кои ги загубија животите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани.
Во повикот се наведува дека по неколкумесечни студентски блокади и прекин на наставата на сите државни универзитети во земјата, факултетите во текот на летото, барајќи излез од речиси безнадежната ситуација, се вратија на наставата и испитите и ја завршија академската година.
„Во исто време, државата исполни само мал дел од своите обврски и тоа со големо задоцнување; – како во случајот со одредувањето квоти за запишување студенти во првата година од студиите – додека се чини дека нема намера да ги исполни другите. Неуставниот и незаконски Правилник 5/35 е на сила веќе седум и пол месеци“, се вели во соопштението.
Предупредено е дека автономијата на универзитетите е загрозена како никогаш досега.
„Со денови, силни полициски сили ги окупираа зградите на неколку факултети во Нови Сад, а Владата донесе одлука за основање нов факултет на Универзитетот во Ниш, и покрај фактот што надлежните универзитетски тела го отфрлија предлогот со убедливо мнозинство“.
Тие додаваат дека „општата состојба во општеството, предизвикана од неодговорните постапки на властите, ја оневозможува посветената наставна и научна работа на универзитетот“.
Дијана Хрка од 2 ноември штрајкува со глад пред српското Собрание.
МИА
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
