Уривањето на дивоградбите во охридско ќе продолжи следната година
Акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на плажите ќе продолжи наредната година. Почнувајќи од потегот Свети Стефан ќе се отстранува се она што е во и покрај вода. Градоначалникот Георгиески најави дека се чекаат средствата кои со ребалансот се предвидени за имплементација на препораките од УНЕСКО, како помош за справување со нелегалните градби. Општината нема доволно средства сама да се справи, па поради тоа овој процес беше стопиран.
Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажите која треба да заврши до јануари по што ќе следи нов оглас за давање на плажите под концесија, но согласно планот за управување со природното и културното наследство.
Градоначалникот Георгиески истакна дека нема друго решение при издавањето на плажите под концесија освен нивно враќање во првобитна состојба, што е и една од препораките на Унеско градот да не се најде на листата на загрозени подрачја.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
