Фудбал
31. March 2022 - 12:22

Уште три празни места на Мундијалот во Катар

Остануваат уште три празни места за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во Катар зимово. 

Досега се пласираа 29 селекции на мундијалот, додека преостанатите три учесници ќе бидат познати по интерконтиненталните бараж дуели, но и епилогот од последноите европски квалификации односно дуелот меѓу Шкотска и Украина чиј исход пак го чека Велс во финалето.
 
Селекциијата на Мексико им се приклиучи на Канаѓаните и Американците како директен патник на Мундијалот откако Мексиканците синоќа славеа победа против Ел Салвадор со 2-0. 
 
Костарика пак со триумфот над Американците со 2-0 си обезбеди нова можност, односно бараж дуел против Нов Зеланд. 
 
Листата учесници на Мудијалот ќе ја комплетира победниот од дуелот меѓу   Австралија и Обединетите Арапски Емирати.
 
Познат составот на шеширите во пресрет на ждребот за Светското првенство во Катар што треба да се случи утре во Доха. 
 
Прв шешир: КАТАР, БРАЗИЛ, БЕЛГИЈА, ФРАНЦИЈА, АРГЕНТИНА, АНГЛИЈА, ШПАНИЈА, ПОРТУГАЛИЈА.
 
Втор шешир: МЕКСИКО, САД, ХОЛАНДИЈА, ДАНСКА, ГЕРМАНИЈА, УРУГВАЈ, ШВАЈЦАРИЈА, ХРВАТСКА.
 
Трет шешир: СЕНЕГАЛ, ИРАН, ЈАПОНИЈА, МАРОКО, СРБИЈА, ПОЛСКА, КОРЕЈА, ТУНИС.
 
Четврти шешир: КАНАДА, КАМЕРУН, ЕКВАДОР, САУДИСКА АРАБИЈА, ГАНА…