Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
Вкупно 33 жаби-младенчиња од загрозен вид, од Чиле, се родиле во Лондон, Велика Британија. Ова е дел од потфатот да се спаси овој вид од разорна габична болест којашто се јавила во шумите во Чиле, јавува „Би-би-си“.
Дарвиновата жаба била откриена од Чарлс Дарвин во 1834 година. Занимливо е тоа што раѓа на прилично неконвенционален начин… Имено, полноглавците од оваа жаба која живее на јужната Земјина полутопка, се развиваат во гласните ќеси на жабецот т.е. родителот-мажјак и се раѓаат преку неговата уста. Конзерваторите истакнуваат дека зачувувањето на овие жаби во лабораторија „купува време“ за видот, додека се прават напори нивното живеалиште повторно да биде безбедно.
Бен Тепли, стручњак за водоземци во Зоолошката градина во Лондон, вели дека успешното одгледување на овие жаби и раѓањето од страна на нивниот родител-мажјак е моќен симбол на надеж за овој вид.
– Овие жаби не само што се клучни за иднината на нивниот вид, туку ни помагаат и подобро да разбереме како да се бориме против хитридната габа и да ги заштитиме другите водоземци ширум светот, појасни неговиот чилеански колега Андрес Валензуела Санчез, истражувач.
Амфибиската хитридиомикоза е габична болест којашто зафатила најмалку 500 видови водоземци, што ја прави една од најразорните заразни болести, позната за науката. Во 2023 година, истражување потврди присуство на смртоносната болест во шумите на паркот Тантауко во јужен Чиле. Дарвиновите жаби се особено ранливи, а набљудуваната популација се намалила за 90 отсто во рок од една година.
Во октомври лани, конзерваторите од Лондон пронашле единки без присуство на габичната болест. Следната задача била предизвикувачка – не само што жабите се многу мали, туку се и исклучително добро камуфлирани, т.е. споени со мовта од нивното живеалиште. Сепак, патешествието од 11.000 км до Велика Британија завршило успешно.
Ново на Сител
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“