Македонија
24. December 2025 - 16:34

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите

Судиите и обвинителите на чекор до повисоки плати.. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на ланските намалени коефициенти за пресметка на плати на судиите.

Под лупа на Уставниот суд оди и намалувањето на коефициентите за обвинителите.. Според Уставен, пониските плати заради намалување на коефициентите, влијаат на успешноста во извршување на работните обврски на јавните обвинители.

Од уставен велат свесни се дека нивната одлука ќе предизвика реакции, но како што велат меѓународните стандарди гарантирале дека во текот на работниот век на судиите забрането е намалување на нивните плати.

Но, во март годинава, за истите иницијативи, Уставен донесе спротивна одлука. И тогаш се бараше преиспитување на коефициентите, но според судот, и покрај намалувањето, судиите и обвинителите и понатаму земале плата според нивниот статус. Не била загрозена ниту самостојноста и независноста на правосудството.

Уставен не донесе одлука за линеарното зголемување на пензиите. Откако претходно мнозинство од судиите гласаа за да поведе постапка, денеска беа четири наспрема четири. Одлука за илјадарката од октомври и таа во април ќе има по целосно екипирање на судот кој сега работи со двајца судии помалку.