Македонија
17. February 2026 - 16:32

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици

Првиот човек на Уставниот суд позитивно го оценува доаѓањето на Гоце Наумовски за нов уставен судија, за чиј избор Собранието ќе одлучува утре.  Неговата стручност и кредибилитет ја оценува како корисна за судот и не гледа проблем во тоа што бил советник на премиерот.Според Костадиновски важно е почитувањето на Уставот во носењето одлуки.

Освен Наумовски кој се наоѓа пред негов избор за уставен судија, се чека и завршувањето на огласот во Судскиот совет до крајот на неделата од каде треба да биде избран последниот уставен судија. Новите построги правила со 20 годишно искуство во правосудството ќе одлучуваат за нов уставен судија.

Комплетирањето на Уставен, повторно ќе ги врати на одлучување законите кои предизвика бурни реакции во јавноста. На првиот состанок во полн состав судиите на маса ќе го стават законот за употреба на јазици, за кој треба да се одржи и подготвителна седница за да се чуе мислењето на странски експерти, пред носењето конечна одлука.

Уставен најавува брзо постапување и за иницијативите поднесени против Законот за прекршоци кој овозможи спроведување на проектот Сејф сити. Оформени се 4 предмети, а личен став на Костадиновски е дека овој проект го менува менталитетот на граѓаните и ја оправдува целта.

Во полн состав се очекуваат одлуки и за иницијативите за глобално оданочување, нерезистентното население, законот за потрошувачи, линераното покачување на пензиите.