Уставен суд: Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа
Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, што значи дека функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа.
- Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на апанажа, вели портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.
Овој член, според Судот нема уставна оправданост.
-Судот го зема во предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција, вели Беловска.
Според Судот, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспоиви и затоа е одлучено да се укине оваа одредба, како спротивно на владеењето на правото кое е една од темелните вредности на нашиот Устав.
Иницијативата е поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга. Оспорени беа 7 члена од Законот, од 19-25, но Судот го оцени само членот 22 како спротивен на Уставот.
Оваa одлукана Уставниот суд е конечна и влегува во сила откако ќе се објави во Службен весник.
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
