-->
-->
Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-->

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 27 и 31 август ќе се спроведат активности за контрола на популацијата на комарци во пет општини и тоа преку ларвицидна и адултицидна дезинсекција, соопштија од Центарот.
Утре ќе се прска во Бпосилово, Ново Село и Струмица, а на 31 август во Василево и Валандово.
-Активностите се спроведуваат со цел намалување на популацијата на комарци и преземање превентивни мерки за заштита на јавното здравје, се наведува во соопштението од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Се додава дека доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термини, третманите ќе бидат презакажани за првиот нареден поволен период.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
