Македонија
22. October 2026 - 10:35

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

По повод државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, информираат од јавното градско претпријатие.

Со редовно работно време, како што велат, ќе се продолжи од сабота 24 октомври.

-Ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. Повеќе информации се достапни на  www.vodovod-skopje.com.mk  и пристап до електронските сервиси е овозможен преку  e.vodovod-skopje.com.mk , посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“.