Македонија
26. January 2026 - 12:03

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините

Утре претпладне во источните делови од земјата се очекуваат слаби врнежи од дожд во пониските предели, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда кон крајот на денот, како и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег.

Од петок се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби локални врнежи од дожд и снег на одделни места.

 

МИА