Утре завршни зборови на одбраната во „Монструм“
Искршени стакла на зградата на министерстовото за надворешни работи, превртени контејнери, скандирање УЧК! УЧК! испукани пиротехнички средства, обид за пробивање на шполицискиот кордон....ова беше сликата од петокот кога илјадници граѓани Албанци протестираа по повод случај „Монструм“ и против завршните зборови на обвинителката Фатиме Фетаи кспоред која обвинетите сепак го сториле грозоморното убиство кај Смиљковското езеро.
Утре се завршните зборови на одбраната пред конечната пресуда. Засега нема ниту формална најава, ниту пак, најави по социјалните мрежи за нови протести по повод судењето, но сепак, неофицијално Судот се подготовува за посебни безбедносни мерки.
За меѓуетнички тензии средба имал директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, и неговиот заменик Екрем Зендели со реисот на ИВЗ Шаќир еф Фетаи, иако поводот не се протестите за Монструм.
Ангелов Добил уверување од реизот дека ќе им порача на верниците да внимаваат на соживотот.
Ангелов на истата тема највува средба и со поглаварот на МПЦ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
