Утринските температури над нула, најмногу врнежи во Лазараполе

Температурите утрово насекаде во земјата се над нула.
УХМР соопшти дека 2 степена се измерени на Попова Шапка, 3 во Тетово, 5 степени во Крушево и Маврови Анови, 6 во Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид, Прилеп, Берово, Струмица и Лазарополе, 7 степени во Крива Паланка и Кавадарци, 8 во Охрид, Претор, Битола и Велес, 9 во Виница и Гевгелија, 11 во Штип, и 12 степени во Демир Капија.
Во изминатите 24 часа, најголемо количество врнежи е измерено во Лазарополе, 24 литри на квадратен метар, 22 во Пожаране, 18 во Маврови Анови, 14 на Попова Шапка, 12 во Тетово, 8 во Претор, 7 во Крушево, 6 во Охрид и Битола, 2 во Тополчани и еден литар врнежи на квадратен метар во Прилеп, Берово и во Велес.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на квадратен метар за 24 часа). По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
