Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово

Утрово е најстудено на Попова Шапка и во Берово, -2 степена, а максимални седум степени се измерени во Скопје - Зајчев Рид и Велес. На Попова Шапка има и 57 сантиметри снег.
Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени и 1 степен во Mаврови Анови, Kрушево, Ѓуриште и Демир Капија, 2 во Лазарополе, Охрид, Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип и Скопје - Петровец, 3 во Претор, 4 во Кавадарци и Тополчани, 5 во Тетово, Прилеп, Пожаране и Гевгелија, како и 6 степени во Куманово и Виница.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
