Утрово најстудено во Берово

Утрово е најстудено во Берово, 3 степени, а максимални 11 се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.
Како што информира УХМР; до 08:30 се измерени и 4 степени во Лазарополе и на Попова Шапка, 5 во Крива Паланка и Mаврови Анови, 7 во Скопје-Петровец, Претор и Битола, 8 во Тетово, Демир Капија и Kрушево, 9 во Охрид, Штип и Куманово, како и 10 степени во Велес, Виница, Струмица и Кавадарци.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец (наместа над 40 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
