Македонија
15. November 2026 - 9:59

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор

Утрово најстудено било во Лазарополе, каде е измерена температура од о целзиусови степени, и Скопје – Петровец, Маврови Анови, Попова Шапка, со температура од 1 степен. 

Најтопло било во Охрид и Претор каде биле регистрирана температура од 11 целзиусови степени. 

Два степени се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Куманово, 3 во Кавадарци, Виница, Крушево, Демир Капија, Штип, 4 во Прилеп, 5 во Тетово и Струмица, 6 во Велес и Битола, а 7 целзиусови степени во Гевгелија. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

 

МИА