Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде биле измерени -4 степени Целзиусови и Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес каде во 7 часот се измерени 6 степени.
Во Маврови Анови температурата била 0 степени, 2 во Охрид, Тетово, Претор, 3 во Крива Паланка, Штип, 4 во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Демир Капија, а 5 степени целзиусови биле измерени во Струмица, Гевгелија и Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 58 сантиметри.
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
