Ужас на ГАК: На бебе старо два дена со ножици му отсекле дел од прс при отстранување инфузија
На новороденче старо само два дена му бил отсечен дел од палецот со ножици при отстранување на инфузија на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Инцидентот се случил на 16 ноември, а од клиниката го потврдиле настанот и информирале дека е формирана комисија за негово испитување.
Според сведочењето на таткото Аднан Азизи, повредата настанала додека медицинскиот персонал се обидувал да ги отстрани завојот и лепливата лента со кои била прицврстена инфузијата, во моментите кога бебето се подготвувало за испис од болницата.
По инцидентот, новороденчето било префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде што било оперирано под анестезија.
Според објавените информации, повредениот палец ќе остане функционален, но ќе биде пократок.
Од ГАК соопштиле дека случајот бил разгледан од Комисијата за квалитет, а најавено е и состанок на Дисциплинската комисија, која треба да утврди одговорност за настанот.
Од клиниката најавуваат најстроги мерки доколку се утврдат пропусти во постапувањето на медицинскиот персонал. .
Ново на Сител
-

Собранието ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања
-

Осум месеци затвор за Игор Дашковски за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
-

Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери
-

Преглед на вестите од светот
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
-

Протест на Форум на жени на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Спасов, универзитетски професор
-

Се прават напори родителите на предвремено родените бебиња да добиваат еднократна парична помош од државата
