В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху

– Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција ќе продолжи в недела, на 12 април, соопшти портпаролот на судската власт. Оваа одлука доаѓа само неколку часа по укинувањето на вонредната состојба во Израел, воведена поради војната против Иран.
„Со укинувањето на вонредната состојба и продолжувањето на работата на правосудството, рочиштата ќе продолжат според вообичаената процедура“, се наведува во соопштението, при што е прецизирано дека сослушувањата ќе се одржуваат од недела до среда секоја седмица.
Нетанјаху, кој е првиот израелски премиер обвинет за поткуп, измама и злоупотреба на довербата, ги негира сите обвиненија поднесени во 2019 година. Процесот, кој започна во 2020 година, беше постојано одложуван поради неговите службени обврски.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно упати повици до израелскиот претседател Ицак Херцог за помилување на Нетанјаху, со цел тој непречено да ги извршува должностите.
Во Израел за октомври се закажани парламентарни избори на кои, според анкетите, коалицијата на Нетанјаху би можела да ја изгуби власта.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
