Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации

Централното градско подрачје на Штип мета на вандали, уништени се садници со цвеќе, исечени се новогодишни силијаци и оштетена е урбана опрема. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на социјалните мрежи објави фотографии од вандалскиот чин.
Тој вели дека во изминатите денови сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види: исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје.
-Овие девијантни однесувања не се само вандализам, туку директен удар врз заедничкото добро, врз трудот и вложувањето на Општина Штип и врз сликата на нашиот град. Како градоначалник, остро реагирам и упатувам апел до СВР Штип за преземање соодветни мерки и санкции кон сите кои свесно го нарушуваат јавниот ред и имот. Таквото однесување не само што ја загрозува безбедноста, туку ја понижува заедницата која секојдневно се труди да гради поубав и поуреден Штип, напиша Јорданов.
Тој упатува и искрена молба до сите граѓани дека Штип може да биде онаков каков што секој граѓанин го посакува, но само ако секој од нас покаже свест, грижа и одговорност.
-Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор, да ги заштитиме инвестициите и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме. Да бидеме внимателни, да реагираме кога ќе видиме уништување и да покажеме дека Штип знае да се грижи за она што е заедничко. Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме, вели Јорданов.
МИА
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
