Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
