„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција, организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.
Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 август беа пронајдени и запленети 324 килограми марихуана во Солун скриени во камион со приколка.
Осомничениот кон крајот на февруари годинава набавил товарно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија кон Турција, преку Бугарија.
Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Бугарија, меѓутоа наместо да продолжи кон Турција, се упатил кон Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун.
Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.
По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија
МИА
Ново на Сител
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
