Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота

Фудбалерот на Лестер сити, Џејми Варди се огласи по губењето на шансите за опстанок во англиската Премиер лига.
- Во овој момент, дури и не знам што да кажам. Немам зборови да ги изразам чувствата на гнев и тага за тоа како помина оваа сезона. Нема оправдувања. Сите заедно, и играчите и клубот, не успеавме. Едноставно е невозможно да се сокрие ова. Бидејќи бевме во овој клуб толку долго, имавме толку многу подеми и падови, но оваа сезона беше целосна болка и катастрофа за мене. Знам дека и вие го чувствувате тоа. Жал ми е што на вака ја завршуваме сезоната 2024/25, објави Варди.
Лестер се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата во англиското првенство со 18 бодови. Тимот ги загуби и теоретските шанси да остане во Премиер лигата.
Оваа сезона, 38-годишниот Варди забележа 32 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и три асистенции.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
