Васил Гарванлиев замина во САД: Нема никогаш да престанам да пеам за Македонија
Струмичкиот музичар Васил Гарванлиев кој во 2021 ја претставуваше Македонија на Евровизија, веќе еден месец е во Чикаго, САД, пишува Фокус.
Талентираниот баритон, кого јавноста го запозна како дете кое остави хит композиција зад себе на детскиот фестивал ,,Златно славејче”, за да потоа со родителите се пресели во Чикаго, во земјава се врати пред три години.
Од кога се врати тој се посвети на градењето на кариера во Македонија, каде и покрај искрената намера да ја освои публиката со музика и пораки за љубов, беше дочекан, но и испратен на Евровизија со низа на предрасуди и напади.
-Горчливо е чувството да не се чувствуваш безбедно дома и не му го посакувам никому. Но, свесен сум дека ние луѓето, како што всушност и кажав во нашата тема годинава на Евровизија, ,,Here I stand” – сме огледало на туѓата несигурност.
Васил раскажува дека се вратил во Македонија со чиста визија и чек листа на желби, но дека проблемот во Македонија е во тоа што ние не знаеме што сакаме и погрешно ја насочуваме нашата енергија, наместо кон наш успех – кон туѓ неуспех.
Нема никогаш да престанам да пеам за Македонија.Тоа го правам во последните 30 години, така и ќе продолжам – вели Васил, кој летово имаше низа на настапи на Скопско лето, на Парадата на гордоста во Скопје и Софија, Nisville Jazz festival, Eurovision Song writing camp.
Сега, кога повторно е во Америка, за раскажува дека има турбулентен период, исполнет со убави настани, снимања, гостувања, дружби со тамошната публика, на кои за разлика од кај нас, во неговата родна земја, е дочекан со овации.
-Минатата сабота имавме 65-годишнина од хорот, прекрасна Гала вечера на која ја запеав ,,Here I stand” заедно со хорот од стотина деца. Магично чувство! Имам настапи, снимања, се крчкаат нови проекти, паралелно и со агенти од Лондон, вели Васил.
-Јас без разлика каде сум, нема никогаш да заборавам од каде доаѓам и гордо ќе стојам со и за тоа. Македонскиот албум ,,Судбина” е готов и за сега стои во фиока. Во моментов спремам неколку улоги, концерти, видео, и го снимам мојот прв Англиски ЕП, изјави музичарот.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија